Connect with us

Челси сака да го купи Родриго

Бразилскиот крилен напаѓач Родриго е на излезна врата од Реал Мадрид, со оглед дека многу почесто седи на клупата за резервни фудбалери отколку што е на теренот, по доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо. Оваа ситуација сака да ја искористи Челси и да го доведе Бразилецот на „Стемфорд бриџ“.

Раководството на Челси смета дека Родриго би бил идеално засилување, а Енцо Мареска нема ништо против да го има како еден од своите адути во продолжението од сезоната.

Како што најавуваат медиумите на Островот, Челси ќе се обиде да го доведе Родриго уште во зимскиот преоден рок, а за тоа ќе треба да плати најмалку 90 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови