Connect with us

Фулам размислува за смена на Марко Силва

Португалскиот стратег Марко Силва сериозно ја доведе во прашање својата иднина во Фулам, со оглед дека серијата слаби резултати оваа есен доведе до тоа лондонскиот клуб да се најде на чекор од местото кое води во понизок ранг.


Под водство на Силва, Фулам загуби шест од 11 натпревари од почетокот на сезоната, со само еден бод повеќе од зоната за испаѓање.


Договорот на менаџерот со Фулам истекува на крајот на сезоната, а пред само неколку недели сопственикот на клубот најави продолжување на соработката со Португалецот, истакнувајќи дека станува збор за долгорочен проект на клубот.


Сепак, слабите резултати може да предизвикаат промена по тоа прашање, откриваат британските медиуми.

Следниот натпревар на Фулам е закажан за сабота, 22 ноември, против Сандерленд, и тоа ќе биде едно од првите „финалиња“ на Марко Силва за останување во клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови