Фудбалерите на Ливерпул ја совладаа Астон Вила со 2-0 во натпреварот од десеттото коло на англиската Премиер – лига.
Со оваа победа, „црвените“ ставија крај на катастрофалната серија од четири последовни порази во шампионатот. Екипата на менаџерот Арне Слот се врати на победничкиот колосек и сега, со освоени 18 бодови, се наоѓа на третото место на табелата.
Ливерпул не започна најдобро – Астон Вила беше поопасна на стартот и двапати ја погоди рамката на голот, најпрво преку Роџерс во 6. минута, а потоа и преку Кеш во 19. минута.
Домаќините пронајдоа ритам дури во средината на првото полувреме. Шобослаи имаше одлична шанса, а Екитике постигна погодок кој беше поништен поради офсајд.
Клучниот момент се случи во првата минута од судиското продолжение на полувремето, кога голманот на Вила, Емилијано Мартинез, направи голема грешка – ја испрати топката директно во нозете на Мохамед Салах, кој лесно погоди во празната мрежа за 1-0. Тоа беше гол број 250 за Салах во дресот на Ливерпул.
Победата на актуелниот англиски шампион ја потврди Рајан Гравенберх во 58. минута со силен удар од далечина. Неговиот шут се одби од еден одбранбен играч на Астон Вила и заврши во мрежата за конечни 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













