Connect with us

Јувентус го победи Кремонезе на дебито на Спалети (ВИДЕО)

Јувентус славеше на гостувањето кај Кремонезе со 1-2 во натпревар од десеттото коло во Серија А. Ова беше почеток на новата ера со Лучијано Спалети на клупата на „старата дама“, а стартот беше успешен, бидејќи тимот веднаш впиша победа.

Натпреварот во Кремона започна идеално за гостите – уште во втората минута Филип Костиќ го постигна првиот гол во времето на новиот тренер и донесе водство од 0-1. Првото полувреме понуди неколку возбудливи моменти, но резултатот остана непроменет до паузата.

Во второто полувреме Јувентус ја потврди својата надмоќ. Во 68. минута бекот Андреа Камбијасо со прецизен удар ја погоди мрежата и зголеми на 0-2.


Кремонезе успеа да се консолидира кон крајот на мечот и да постигне утешен погодок. Џејми Варди во 83. минута го совлада Ди Грегорио и ги постави конечните 1-2.

Така, Спалети го започна својот мандат на најдобар можен начин – со три бода и позитивен импулс за продолжението на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови