Connect with us

Баерн Минхен е машина – го „сомле“ и Баер Леверкузен (ВИДЕО)

Баерн Минхен во деветтото коло од германскиот шампионат успеа убедливо да го совлада Баер Леверкузен со 3-0, а сите три погодоци паднаа уште во првото полувреме.

Гостите речиси и да не се заканија на овој натпревар, иако Баерн немаше карактеристичен посед на топката, одигра тактички совршено и доминантно, не оставајќи му на Баер Леверкузен ниту простор да се доближи до казнениот простор на Баварците.

Првиот гол дојде во 25. минута. Акцијата изгледаше како „мат во три потези“ – Нојер ја испрати топката до Бишоф, кој пронајде Гнабри, а овој со својата брзина лесно се ослободи од чуварот и ја затресе мрежата зад грбот на голманот Флекен.

Шест минути подоцна, уште една топка во мрежата на Баер Леверкузен. Повторно акцијата започна од Нојер, овојпат по десната страна каде Лајмер прекрасно центрираше и го пронајде Џексон за 2-0.

Во 43. минута гостите си постигнаа автогол – по убава акција по левата страна, Гереиро упати центаршут, а Баде несмасно ја испрати топката зад грбот на својот голман Флекен.

Хари Кејн влезе во игра дури во второто полувреме, па така менаџерот Венсан Компани успеа делумно да одмори неколку клучни играчи – Дијаз, Павловиќ и Олисе, а целосно Упамекано. Се чини дека Баерн изгледа како вистинска фудбалска машина пред продолжението на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови