Connect with us

Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

Легендата на Рома, Даниеле де Роси, по искуството со СПАЛ и „волчицата“, наскоро ќе ја преземе уште една екипа од Серија А.

Според италијанските медиуми, Де Роси ќе стане нов тренер на Џенова, клуб кој во својата историја девет пати го освојувал Скудетото. Тој треба да го наследи Патрик Виеира кој доби отказ по слабите резултати.

Поранешниот капитен на Рома настапуваше за римскиот клуб од 2000 до 2019 година, а потоа прејде во Бока јуниорс, по што и ја заврши фудбалската кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови