Connect with us

Брегалница и Детонит ремизираа без голови

Брегалница и Детонит Плачковица одиграа без голови (0-0) во последниот натпревар од 10. коло во Втората македонска фудбалска лига. Вечерниот дуел во Штип се одигра под рефлектори, но тоа не им помогна на домашните фудбалери да стигнат до посакуваните три бода.

Гостите од Радовиш успеаја да останат непоразени и да си заминат со вреден бод од Штип. Со овој „кикс“ на Брегалница, на врвот на табелата осамена е екипата на Шкендија од Арачиново.

Арачиновци, со денешната победа во Прилеп, ја зголемија својата предност на два бода пред Брегалница, додека Детонит остана на делба на третото место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови