Connect with us

Гонсало Рамош во последен миг му донесе триумф на ПСЖ (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен многу потешко од очекувањата дојде до победа против Ница. Славеше со 1-0, со гол буквално постигнат во последните мигови од мечот, а херој беше Гонсало Рамош.

Ница одлично се бранеше во текот на целиот натпревар, ПСЖ имаше максимален посед на топката, напаѓаше постојано, но не успеваше да го пробие бедемот на гостите.

Во последниот напад, по корнерот на Канг-Ин Ли, Гонсало Рамош со удар со глава конечно успеа да ја затресе мрежата на Ница.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови