Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ја доби наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец во Европа за минатата сезона.
Церемонијата се одржа во ВИП ложата на „Сантијаго Бернабеу“ во шпанската престолнина, а на настанот присуствуваа претседателот на клубот Флорентино Перез, тренерот на тимот Чаби Алонсо, играчите од првиот состав на Реал Мадрид, како и директорот на весникот „Марка“ и потпретседател на European Sports Media, Хуан Игнасио Гаљардо.
Како што е познато, Мбапе ја освои престижната награда со 31 постигнат гол на 34 натпревари во неговата дебитантска сезона во Ла Лига, собирајќи 62 поени и оставајќи ги зад себе Виктор Ѓокереш и Мохамед Салах.
Капитенот на Франција одлично ја започна и актуелната сезона, во која има 11 погодоци на 10 натпревари во шпанскиот шампионат.
„Ви благодарам на сите што сте тука. Ми е големо задоволство да ја примам наградата ‘Златна копачка’. Ви благодарам на сите за ова признание. Ова многу ми значи. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите – секогаш се тука за мене и ми помагаат. Имаме неверојатен тим оваа година и можеме да освоиме многу трофеи. Тимските награди се најважни. Да играм за Реал Мадрид е сон што го имав уште како дете. Голема чест е да сум тука и сакам да останам уште многу години. Им благодарам на навивачите на Реал Мадрид – нивната поддршка ми значи сè. Се надевам дека и следниот пат ќе ја освојам ‘Златната копачка’. Добро почнав, но ќе видиме. Ви благодарам на сите“, додаде капитенот на Франција.
Пред Мбапе збор зеде и Флорентино Перез, кој рече:
„Драг Килијан, оваа копачка е плод на твојата посветеност на фудбалот. Горд сум што имам играч како тебе, кој совршено ги претставува вредностите на нашиот клуб. Ќе го паметиш овој ден засекогаш. Твоите соиграчи се горди на тебе, бидејќи и тие придонесоа да ја освоиш оваа награда. Ти ја доби оваа награда благодарение на твоите 44 гола минатата сезона – од кои 31 во 34 натпревари во Ла Лига. Ова е навистина незаборавен момент. ‘Златната копачка’ е тешко достапна награда. Ти си четвртиот играч на Реал Мадрид кој успеал да ја освои.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













