Connect with us

Арсими посакува да ја продолжи серијата на победи

По значајната победа на гости против Тиквеш во Кавадарци, Арсими се подготвува за следниот предизвик во рамките на 11. коло од Првата фудбалска лига, каде ќе се соочи со Работнички.

Атмосферата во таборот на Арсими е позитивна, а победата во Кавадарци донесе дополнителна мотивација и самодоверба кај фудбалерите. Еден од играчите во одбранбениот ред на Арсими Ајрадин Цуцули вели дека атмосферата е ведра и очекува ритамот на победите да продолжи.

„По победата против Тиквеш на гостински терен, напорно работевме и за овој натпревар во средината на неделата против екипата на Работнички. Нормално дека сме среќни што ја добивме средбата со Тиквеш, затоа што ги имавме нашите шанси и ги искористивме максимално. Тоа беше голем пресврт на резултатот и ја постигнавме нашата цел победата, изјави дефанзивецот на Арсими, Цуцули. „Сега пред нас имаме противник како Работнички. Знаеме дека и тие не се во најдобра форма, но тоа не не интересира. Ние ќе излеземе на терен само со цел за победа. Сакаме да фатиме ритам на победи и да докажеме дека триумфот во Кавадарци не беше случајност”, додаде Ајрадин Цуцули дефанзивецот на Арсими.

Натпреварот помеѓу Арсими и Работнички се игра утре на градскиот стадион во Гостивар со почеток во 13:30 минути.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови