Connect with us

Работнички посакува прв гостински триумф на дуелот против Арсими

Работнички подолг период нема победа во шампионатот, а по ремито на домашен терен против Македонија ЃП во минатото коло, се надева дека конечно ќе го „скрши мразот“ на гостувањата и ќе стигне до прв триумф на денешниот дуел против Арсими.

Со респект кон противникот, но и со верба во сопствените квалитети, фудбалерите на Работнички денеска патуваат во Гостивар, на мегдан со новиот прволигаш Арсими.

„Арсими покажа дека одлично се снаоѓа во елитното друштво, впрочем веќе освои 11 бода и забележа неколку резултати за почит. Од друга страна, ние сѐ уште резултатски се мачиме и мислам дека засега игрите се подобри од резултатите. Се надевам дека на денешниот меч против Арсими конечно ќе одиграме квалитетно на гостувањата и дека ќе успееме да ги освоиме бодовите“, изјави офанзивниот играч за врска, Бразилецот Калани Алмеида.

Натпреварот меѓу Арсими и Работнички се игра од 13:30 часот на Градскиот стадион во Гостивар. Арсими влегува во овој дуел од осмата позиција со 11 бода, додека Работнички е претпоследен и досега има освоено само шест бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови