Баерн Минхен продолжува да доминира во Бундес-лигата, забележувајќи ја осмата последовна победа во сезоната. Актуелниот германски шампион на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах славеше со 0-3. Иако првото полувреме помина без голови, во вториот дел баварскиот тим ја покажа својата надмоќ.
Џошуа Кимих го отвори резултатот, Рафаел Гереиро го зголеми водството, а младиот Ленарт Карл ја заокружи победата со својот втор погодок во само три дена, по оној против Клуб Бриж во Лигата на шампионите. Со оваа победа Баерн останува неприкосновен лидер на табелата со максимални 24 освоени бодови.
Лајпциг одигра импресивно на гостувањето кај Аугсбург, славејќи со 0-6. Тимот на Марко Розе уште во првото полувреме обезбеди водство со головите на Диоманде, Ромуло Кардосо, Нуса и Баумгартнер, за на паузата да има предност од 4-0. Во вториот дел Уедраого и Лукеба ги поставија конечните 6-0. Со оваа победа Лајпциг се искачи на второто место со 19 бодови.
На останатите натпревари, Хофенхајм на домашен терен го совлада Хајденхајм со 3-1, Ајнтрахт Франкфурт победи над Сент Паули со 2-0, а Волфсбург извојува минимален триумф на гостувањето кај Хамбургер со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













