Проблемите со повреди во таборот на Барселона само два дена пред Ел Класико продолжуваат со полна сила. Дефанзивецот Жул Кунде ја пропушти втората последовна тренинг-сесија, откако го немаше и вчера, и неговото учество на дербито в недела е сериозно под знак прашалник, објави каталонски „Спорт“.
Ханси Флик веќе размислува за различни опции како би можел да биде заменет Жул Кунде ако тој не биде достапен.
Добрата вест за германскиот тренер е враќањето на Френки де Јонг, кој денес повторно тренираше со полна пареа со главната група на тимот. Холанѓанецот го пропушти вчерашниот тренинг поради физички проблеми, но утрово беше меѓу првите што стигнаа во базата на тимот.
Присуството на Де Јонг е особено важно за Ханси Флик, особено во отсуство на Гави, кој има повреда на коленото.
Закрепнувањето на Роберт Левандовски исто така се движи во позитивна насока, но полскиот напаѓач сепак нема да може да биде подготвен за дуелот со Реал Мадрид в недела.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













