Натпреварот меѓу Вардар и Арсими беше прекинат околу 20 минути, откако комплетната публика почна да го напушта стадионот во знак на револт.

Протестот на најверните вардарови навивачи денеска доби нова димензија. Комити веднаш по влегувањето на трибината со молк ја испратија својата порака, а потоа јасно, со скандирања и пароли, побараа промени во раководните структури на клубот.
На нешто помалку од половина час до истекот на натпреварот, трибините почнаа да се празнат, а следуваше прекин на натпреварот. Не станува збор само за навивачите на Вардар, туку речиси целата публика го напушти стадионот, давајќи им поддршка на Комитите и нивниот протест.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













